Скариоло замина, Ортега нов селектор на ‘црвената фурија’

Loading...

Италијанскиот стручњак, Серџио Скариоло, повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Шпанија, пишува „Marca“.

Скариоло со Шпанија освои два златни медали на Европските првенства во 2009 (Полска) и 2011 (Литванија) и сребрен медал на Олимписките игри во Лондон 2012.
Италијанскиот стратег е тренер на Емпорио Армани од Милано, но сезонава не може да се пофали до добри резултати, во италијанското првенство има четири порази во девет одиграни натпревари, додека во Евролигата има Армани има скор 3/4.
Наследник на Скариоло ќе биде 46-годишниот Хуан Антонио Ортега, која досега беше тренер на Естудијанстес.

Макфакс

loading...
Loading...