Тие се главната пасија и опсесија на дамите низ целиот свет. Нема дама која не сака да има барем 100 пара чевли во својот ормар.Тоа е една неизмерна љубов, нешто кое мажите тешко го разбираат. Секако погодувате, тоа е нивното височество штиклите. За оваа есен модните трендови, диктираат само едно правило, а тоа задолжително да имате чевли со крзнен детал, не е битно каков е тој, битно е дека го имате.
Крзното е навистина многу популарно низ светските метрополи, дамите го комбинираат со се. И како дел од гардеробата, накитот, шапките, чантите и сл. Но токму оваа есен, ни се предлага да го носиме и како детал на нашите чевли, чизми. Изгледа отмено, елегантно, привлечно.
Можеме да го комбинираме и во вечерна и во дневна варијанта. Еден од градовите кој сигурно ја диктира модата е Париз, токму од таму се првиот пар произведени чевли со крзно. Од тогаш, па се до денес, крзното е пасија на дамите. А оваа есен задолжително треба да ги имате и вие во вашиот плакар.
Најубава и урбана комбинација се крзнени чевли со кафена или сива боја, делуваат навистина шик и модерно. Набавете си еден пар вакви ултра модерни чевли, понекогаш и немора да бидат со превисока цена, стилот не се купува со пари зар не?
Пронајдете не на следниве мрежи: