Најновите трендови кога станува збор за долниот веш, диктира дека повеќе не се во мода минигаќичките и тангата како пред неколку години.Тие се тотално аут денес, подобро е да носите обични гаќички, а повторно да бидете секси. И најновата ревија на најпознатиот производител на долен веш Викторија Сикрет, токму го потврди тоа, прекрасните модели носеа долен веш, во кој да имаше и модели на минигаќички и танга, но дефинитивно преовладуваа обичните гаќички со дезени и апликации.И според модните дизајнери, но и според многу стручни лица од медицината време е да се тргне од употреба таквиот вид на долен веш, бидејки може да создаде и проблеми од друга природна, хигиенски и здравствени.
Токму затоа се апелира посебно до младите девојки, дека нема да изгледаат поубаво и посекси ако носат таков долен веш, туку напротив може да го доведат во опасност своето здравје.
Трендовите во модата, велат дека долниот веш треба пред се да ви биде удобен за носење, да биде направен од природни материјали, памучен и конфорен, а не од вештачки материјали, синтетика и сл. Таквите материјали можат да ви создадат инфекции и многу други проблеми. Затоа носете си обичен, долен веш бидете здрави и секси.
Пронајдете не на следниве мрежи: