Според едно канадско истражување на пазарот, денес во светот неколку од најпознатите брендови кога станува збор за гардеробата, користат неприродни материјали и се опасни по нашето здравје и теле пред се. Нивното истражување на неколку примерока од гардероба, на неколку брендови покажало дека светски познатиот бренд Бенетон и Левис, се двата бренда кои користат најштетни материјали, создадени по вештачки пат.
Од Канада предупредуваат дека најголем дел од материјалите од кои е создадена целата линија на гардероба за деца, но и за возрасни Бенетон и Левис, се вештачки и синтетички полни со тешки хемикалии кои можат сериозно да му наштетат на нашето тело. Според нив, од штетен материјал нашето тело може да добие алергија или осип од црвени точки, а тоа секако не е добро за репутацијата на овие два светски бренда во оваа индустрија.
По ваквиот апел во Канада, се огласија и двата главни директори за продажба на двата ланци на бутици во светот и укажаа дека овие информации се шпекулации и се пуштени во јавноста со цел, да им наштетат на овие две толку профитабилни компании.
Материјалите кои според истражувањето, биле користени се полни со индустриска синтетика и бои, кои најмногу можат да и наштетат на нежната детска кожа. На вас е да процените дали е ова вистина или шпекулација. Најдобро ќе откриете преку некое ваше парче од овие два бренда.
Пронајдете не на следниве мрежи: