Очи како мачка- тренд за есенскиот мејкап

Кога станува збор за начинот на кој треба да ги нашминкате вашите очи оваа есен, треба да знаете дека модните трендови диктираат очи како мачка, со многу црни нијанси за вашите очи. Заводливо и неодоливо привлечно, особено за посилниот пол. Се што треба да знаете е дека треба да си набавите црна, кафена и нијанса на сива сенка. Исто така треба да си набавите професионални четки за нанесување на сенка. Мачкините очи имаат еден прекрасен ефект, ќе ве направат и заводлива и мистериозна во исто време. На модните ревии денес низ светот, сите најпознати мејкап артисти, токму оваа техника ја користат за да го доловат ефектот на очи на мачка, со темни сенки и нијанси. 

Велат дека ваквиот начин на шминкање, одговара и со стилот на гардероба кој се носи оваа сезона, а тоа е рускиот стил, но и многуте барокни елементи. Пробајте да се нашминкате сами во вашиот дом, чекор по чекор и ќе успеете и вие да го доловите тој ефект кој ќе ги воодушеви сите околу вас. Ќе бидете заводлива и привлечна каде и да се појавите, во исто време модерна и урбана дама во градот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: