Вицови за Цветко

·         Цветко отишол на некоја прослава и си заседнал

на една маса.

Доаѓа келнерот:- Господине се извинувам ама ова е шведска
маса.

Е добро де, ќе станам кога ќе дојдат Швеѓаните!

·         Го прашува некоја женска Цветко во кафич:
– Дечко ти сингл ли си?
A Цветко:
– Eј женска, си се препознала. Јас не сум тенисер.

·         Влегува Цветко во кафана.
– Келнер, барам слободно место покрај прозорец. На масата да има вазна со свежо цвеќе. Сакам супа, ама внимавајте, супата не смее да биде ни топла, ни ладна. Би сакал и едно пиво од фрижидер, а за почеток донесете ми кајгана од 1 јајце.
Кeлнерот прашува:
– А извинете господине, на која страна готвачот треба да го измеша јајцето за кајганата?

·         Во затвор, некој период после изгласување на законот за интернет цензура. Трпе и Цветко во келија прават муабет:
– Ти брат зошто лежиш?
– Утепав тројца и силував девојка. – Ти?
– Јас напишав виц на Puls24!

·         Цветко го прашува Трпе:
– Абе, што си таков во окото?
– Инфекција од мислење…
– Како бе од мислење?
– Епа така, мислев дека Трпана ќе ме промаши со пепељарата.

Пронајдете не на следниве мрежи: