· Синот: Мамо ти ме излажа…
Мајката: Кога сине ?
Синот: Ти ми кажа дека мојот помал брат е АНГЕЛ ?
Мајката: Да така ти кажав..
Синот: Тогаш зошто не леташе кога го фрлив низ БАЛКОНОТ?
· Ќерката – Мамо, мамо, Гоце ми го покажа ку*ето!!!
Мајката – Како не му е срам!!!
Ќерката – Како кикиритка му е…
Мајката низ насмевка – Толку малецко?!?!?
Ќерката – Не, толку солено !
· Крајот на светот е на 21 Декември 2012
– Ќе се обработува на 5 Јануари 2013
· Душо, си одела ли со некој пред мене?
– Не срце. Сите имаа коли.
· Седи мачка на ограда и пуши…
По некое време проаѓа една баба и и вика:
– Пис мачкооооо
А мачката крева два прста и и возвраќа :
– Peace бабо…
· Синот ја прашува мајката:
„Мамо, зошто на тетка Мица ќерка и се вика Ружа?“
„Па, затоа што тетка Мица многу сакала цвеќе.“
„А, мамо, мамо ти што си сакала многу.“
„Е, Стојко навистина си досаден, престани веќе со тие глупави прашања.“
· Наставничката ги прашува учениците:
– Ајде некој да ми каже некоја случајност.
Малиот Трпе станува и кажува:
– Мајка ми и татко ми се венчале на ист ден
· Мали Џокица: Мамо , мамо учителката постави прашање само јас го знаев!
Мајката: Браво бе Џокица, а што праша учителката?
Мали Џокица: Кој го скрши прозорецот…
· Седи некој човек покрај река, фрла цигла во вода и се чуди:
– Нема логика!
Го гледа некој рибар, доаѓа до него и го прашува:
– Што бе, човеку нема логика?
– Нема логика четвртаста цигла кога ќе ја фрлам во вода, прави кругови…
· Разговараат двајца пријатели:
– Како е кај вас на работа?
– Исто каков во Вип!
– Опаа, значи лапате добри пари.
– Не бе, нула денари по минута.