Околу 100 илјади луѓе на премиера на „Хобитот“

Loading...

Околу 100 илјади љубители на филмот и креативноста на Џон Толкин се собраа во средата во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, пред премиерата на првиот дел од трилогијата на Питер Џексон „Хобитот: Неочекувано патување“, пишува New Zeland Herald.

Прв од светските ѕвезди коишто се појавиле на црвениот тепих во Велингтон, се излегол Питер Џексон, придружуван од својата ќерка Кејти. Тој ги поздравил гостите од високата сцена подигната на скалилата на киното.

„Неверојатно е чувството, кога ќе минеш толку многу време во изолација работејќи на филмот, а потоа работата е завршена, а одеднаш неочекувано се будиш и гледаш дека 100 илјади луѓе се собрале да го прослават тој настан. Тоа превртува сè наопаку“, изјавил режисерот.
Покрај Џексон пред фановите на оваа сторија се појавила и Кејт Бланшет, којашто ја толкува улогата на елфската кралица. Актерката по црвениот тепих одеше во спектакуларен фустан со црно сатенско здолниште, опишува репортерот на весникот. Мартин Фримен, кој го игра Билбо Багинс, ги поздравил присутните во црн костум и темни очила. Со голем аплауз бил пречекан и Илијџа Вуд, кој го игра синоокиот хобит Фродо.
На големо жалење на фановите и колегите, на премиерата не беше во можност да присуствува толкувачот на улогата на моќниот волшебник Гандалф која ја одигра Иан Меккелен. Но актерот и’ се обрати на јавноста преку видеопораката емитувана преку видео бим.
Многу гледачи од целиот свет кои присуствувале на премиерата, биле облечени во костими на жителите на волшебната земја – џуџиња, хобити и тролови, надополнувајќи ја атмосферата создадена од страна на организаторите. Проследен со извици на одушевување над киното надлетал авион на авиокомпанијата „Air New Zealand“, на кој биле насликани главните ликови од филмот.
Фановите на оваа фантастична сага уште од вторникот почнаа да заземаат места покрај извонредно долгиот црвен тепих – 500 метри, за да бидат што поблиску до своите омилени актери, да се фотографираат со нив и да добијат автограм. Оние помалку среќните, го следеле настанот од покриви и балкони на околните згради.
Претходно, претставници на меѓународната организација за заштита на животните PETA најавија дека ќе одржат протест за да ја осудат суровоста кон животните, која наводно се случила за време на снимањето и довела до смрт на 27 четириножни „актери“. Полицијата на Велингтон соопшти дека настанот минал мирно и без нарушување на јавниот ред.
На свеченоста посветена на премиерното прикажување на филмот, владата на Нов Зеланд, како што претходно соопшти, потрошила потроши 1,1 милиони новозеландски долари (околу 900 илјади американски долари).
Сепак, треба да се одбележи дека снимањето на филмот донесе значаен прилив на средства во буџетот на земјата. Според премиерот Џон Кеј, за време на работата на филмот, членови на екипата направиле околу 6.700 летови, оствариле 93 илјади ноќевања во хотелите, изнајмиле 18 илјади автомобили и испиле кафе во фантастичен износ од 380 илјади долари.
Пред самиот почеток на премиерната проекција, Џексон на новинарите им ги појаснил техничките „финти“ искористени во филмот. Така, според него, кадрите во филмот ќе се менуваат двојно побрзо од вообичаено – 48 фрејмови во секунда, наспроти вообичаените 24. Тоа било сторено за сликата на екраните да биде пореалистична и „почиста“.
Сепак, повеќето од гледачите во светот ќе може да го видат филмот во традиционалниот формат, бидејќи само илјада од 25-те илјади кино сали ја имаат неопходната технологија  да репродуцираат филмови со таква брзина. Исто така, филмот ќе се појави и во 3Д верзија.
Џексон го почна снимањето на филмот во март минатата 2011 година во Нов Зеланд. Се претпоставуваше дека за авантурите на хобитот ќе бидат снимени два филма, меѓутоа Џексон подоцна изјави дека го започнал снимањето на третиот дел.
Во „Хобитот…“, се раскажува за почетокот на историјата, детално прикажана во франшизата „Господарот на прстените”. Хобитот Билбо Багинс, кој го живее животот на обичниот човек, заминува на необично патување. Соочувајќи се со многу тешкотии и пречки, тој учи многу за светот околу себе. Имено со „Хобитот“ Џон Толкин дебитираше во литературата. Извонредно успешната книга произлезе од бајката, што авторот ја напишал за своите деца.

Макфакс

loading...
Loading...