Милош Форман со награда за животно дело

Славниот чешко-американски режисер Милош Форман ќе добие награда за животно дело на американското здружение на режисери(ДГА), соопшти оваа организација во среда.

На 80-сет годишниот Форман наградата ќе му биде врачена на 2 февруари во Лос Анџелес. Тој е 34 добитник на наградата за животно дело на ДГА, а претходно наградувани беа и Стивен Спилберг, Френсис Форд Копола и Стенли Кјубрик.
Форман има два Оскара за режија, за „Лет над кукавичкото гнездо“ во 1975 година и „Амадеус“ во 1984 година. Ги режираше и филмовите „Коса“, „Рагтајм“ и „Народот против Лари Флинт“.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: