НБА:Тепачка во Бостон, прва победа на Вашингтон

Тепачката во Бостон и првата победа во сезоната за Вашингтон и катастрофата на Феникс во Детроит ги одбележаа 12-те одиграни натпревари во НБА лигата.

Бостон загуби од Бруклин со 83:95, во дуел на екипите кои се борат за првото место во Атлантик дивизијата.
Натпреварот мина во сенка на тепачката, која ја иницира Режон Рондо кој физички се обиде да се пресмета со Крис Хамфриз откако овај направи груб фаул врз Кевин Гарнет. Поради инцидентот беа исклучени Рондо (Бостон), односно Хамфриз и Џералд Валас (Бруклин).
Рондо на оваа средба имаше можност да го надмине рекордот на Џон Стоктон, кој на 37 натпревари по ред имаше најмалку 10 асистенции по натпревар, поради исклучувањето Рондо на вечната листа го дели првото место заедно со легендарниот играч на Јута.
Кевин Гарнет со 16 поени и 10 скокови го предводеше Бостон, додека кај Бруклин се истакна Џо Џонсон со 18 поени.
Вашингтон против Портланд ја забележа првата победа во сезоната, со што Визардси ставија крај на серијата од 12 порази. До победата од 84:82, Вашингтон го предводеше Џордан Крофорд кој постигна 19 поени.
Детроит го растури тимот на Феникс, победувајќи со 117:77, Брендан Најт и Чарли Вилануева со по 19 поени беа најефикасни во убедливата победа на Пистонси.
Оклахома го победи Хјустон со 120:98, Кевин Дурент постигна 37 поени, додека Серж Ибака имаше учинок од 23 поени, 9 скокови и 6 блокади. Џејмс Харден го одигра првиот меч против својот поранешен тим, мечот го заврши со 17 поени.
Вашингтон – Портланд 84:82
Орландо – Сан Антонио 89:110
Бостон – Бруклин 83:95
Атланта – Шарлот 94:91
Чикаго – Далас 101:78
Детроит – Феникс 117:77
Њу Орлеанс – Јута 84:96
Милвоки – Њујорк 88:102
Мемфис – Торонто 103:82
Оклахома Сити – Хјустон 120:98
Клиперс – Минесота 104:95.

Пронајдете не на следниве мрежи: