Далас ќе го потпише Дерек Фишер

Дерек Фишер, 38-годишниот ветеран во НБА лигата, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Далас Маверикс.

„Оваа недела ќе потпишеме договор со Фишер, тој човек дефинитивно може да ни помогне. На Дарен Колисон му треба вистинска замена, а Фишер ќе биде идеален за таа улога“, најави тренерот на Далас, Рик Карлајсл.
Фишер веќе 16 сезони е дел од најсилната лига во светот, во кариерата има играно за ЛА Лејкерс, Јута, Голден Стејт и Оклахома.

Ветеранот со Лејкерси има освоено пет шампионски титули.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: