Таткото на малиот Иван се враќа ненадејно од службено патување. Жена му лежи во кревет, црвена и загрижена…
– Што ти е жено ?
– Многу ми е лошо. Ушите ми зујат, забрзан ми е пулсот. Оди, те молам во аптека и земи нешто за смирување.
Тргнал да излегува, погледнал во детската, Иван лежи во кревет. Загрижено му шепоти на татко си:
– Во гардеробата е чичко Трпе.
Се враќа татко му во спалната, ја отвора гардероба – Трпе внатре помеѓу облеката и му вели:
– Трпе, жена ми умира, а ти играш криенка со Иван.