Во Србија заразена пченката

Loading...

Српските производители на житарки во петокот порачаа дека нема причина за страв и паника поради заразеноста на годинешниот род на пченката со канцерогените афлатоксини, откако тамошните медиуми медиумите јавија дека најголемиот дел приносите на пченка од годинава се заразени.

Директорот за здружението Жито Србија, Вукосав Саковиќ за агенцијата Бета тврди дека негативните последици од заразата на пченката во најголем процент од годинешниот род ќе го почувствуваат самите производители, бидејќи поради тоа извозот ќе биде драстично намален.
Генералниот директор на компанијата за претпријатието за надзор на квалитетот „СГС Србија“, Маринко Укорпина изјавил дека  во лабораториите на оваа компанија е утврдено дека најголем дел од родот на пченката од оваа година во Србија е контаминиран со афлатоксини, коишто наводно се најканцерогениот спој кој може да се најде во храната за луѓе и животни.
Тој за новосадскиот дневен весник весникот „Маѓар Со“ рекол дека контаминацијата на пченката во Србија е предизвикана од сушата и дека според испитаните мостри се заклучува оти само 32 отсто од годинешниот род е безбедно за консумирање од луѓето.
„Досега спроведените испитувања укажуваат на концентрации на афлатоксини кои се над дозволените и повикуваат на итна реакција на надлежните државни служби и сите субјекти во синџирот на производство, складирање, продажба и преработка на пченката“, вели Укорпина.
Додал дека сите показатели укажуваат оти развивањето на габата се случило на полињата и дека недостигала навремена реакција којашто би можела до некаде да го намали проблемот.
Директорот на „Жито Србија“, Вукосав Саковиќ, пак, смета дека пропустот за утврдување на афлатоксините е направен претходни, бидејќи стручните земјоделски служби и институтите коишто ја следат примената на хибридите не ги предупредиле навреме производителите.
Според неофицијални информации, уште на почетокот од октомври се знаело дека пченката од годинешниот род во Србија е заразена со афлатоксин, бидејќи системот за рано предупредување на Европската унија, RASFF (Rapid Alert System for Food and Feed), од италијанските власти добил информација за откриен токсин во пратката пченка од Србија која преку Хрватска била извезена во Италија.
Укорпина, пак, тврди дека годинава проблемот со афлатоксините добил пандемиски димензии, и дека во поголема или помала мера е присутен во сите земји коишто се занимаваат со одгледување пченка, како Унгарија, Романија и Бугарија, но дека степенот на контаминација кај нив е многу поповолен, бидејќи навреме биле преземени мерки, и во периодите и пред и по жнеењето.
Афлатоксините се отровен продукт од габите Aspergillus flavus, кои може да се најдат во храната за стоката, во сировините и полупроизводите за производство на храна за луѓето, како и во житарките, пченката, компирот, овошјето, зрнестите плодови и во храната од животинско потекло, особено во млекото доколку животните биле хранети со заразена сточна храна.
Оваа габа може да ги зафати сите процеси од одгледување и жетвата преку складирањето до преработката, а нејзината појава е условена од климатските прилики, географската позиција, агротехничките мерки што се применуваа и начинот на преработување на суровините. Експертите предупредуваат дека афлатоксините го оштетуваат црниот дроб и другите органи, и може да предизвикаат рак на црниот дроб.
Американската Агенција за безбедноста на храната и лековите (FDA) смета дека кога станува збор за афлатоксините, не е можно да се постигне апсолутна безбедност на храната, односно дека максимално дозволеното количество може да биде нула. Повременото консумирање на афлатоксини е неизбежно, но во FDA сметаат дека во овој случај опасноста од појава на болести е многу мала.

Макфакс

loading...
Loading...