Украдена слика на Делакроа вредна 650 илјади евра

Loading...

Непознати крадци ја украле сликата на Ежен Делакроа од уметничката галерија на познатата улица Сент-Оноре во центарот на француската престолнина Париз наспроти славната галерија Лувр, јавија во петокот париските медиуми.

Според извор близок на истрагата, на крадецот му успеало незабележан да ја отстрани од ѕидот сликата со димензии од 19 на 11 сантиметри по што незабележан од никого избегал од местото на настанот. Вработените ја откриле кражбата во попладневните часови.

Според весникот Parisien, вредноста на украдениот акварел е проценета меѓу 600 и 650 илјади евра. Полицијата соопшти дека започнала потрага по престапникот.

Станува збор сликата „Арапите од Оран“ која е изработена во 1833 година.

Ежен Делакроа, кој живеел од 1798 до 1863 година, е еден од најважниот припадник на француското романтичарска школа во ликовната уметност.

Макфакс

loading...
Loading...