Победи за Лејкерси, Оклахома, Њујорк…

Богата понуда од 11 натпревари во НБА лигата, на кои победи забележаа ЛА Лејкерс, Оклахома, Јута, Бруклин, Њујорк…

Највозбудливиот натпревар го одиграа Атланта и Кливленд, а победа забележаа гостите со 111:113. Парго со 22, Волтерс со 21 и Варежао со 20 поени и 18 скокови го предводеа Кливленд до четвртата победа во сезоната.
ЛА Лејкерси го победија Денвер со 122:103, а натпреварот го обележа Двајт Хауард, кој ја постигна својата прва тројка уште од сезоната 2006/2007.
Хауард натпреварот го заврши со 28 поени и 20 скокови, додека најпрецизен кај ‘езерџиите’ беше ветеранот Ентоан Џејмисон со 33 поени и 12 скокови. Кевин Дурент постигна 25 поени, во победата на Оклахома над Јута од 106:94. Резултати:
Торонто-Феникс 101:97
Шарлот-Филаделфија 98104
Орландо-Бруклин 86:98
Бостон-Портланд 96:78
Њујорк-Вашингтон 109:87
Атланта-Кливленд 111:113
Мамфис-Детроит 90:78
Оклахома-Јута 106:94
Минесота-Милвоки 95:85
Сакраменто-Индијана 92:97
ЛА Лејкерс-Денвер 122:103.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: