За оваа есен кога станува збор за вашиот маникир, актуелни се боите на виножитото. Навистина специфични и шарени нокти се тренд оваа сезона, можеби малку чудно, но оваа есен нема да погрешите ако го направите вашиот маникир во различни бои. Актуелни се зелената, жолтата, црвената боја, свежи и пријатни за гледање.Во комбинација со вашата гардероба, ќе изгледате секогаш модерно и шик, различно од другите.
Повеќето дами сеуште сметаат дека во есента и зимата треба да имаат маникир, класичен, француски, но зошто да не пробате да бидете различни од другите. Доколку го направите овој маникир оваа сезона, сите погледи ќе бидат свртени кон вашите весели и шарени нокти.
Можете лесно да го направите и сами овој ваш маникир дома, само набавете си лакови за нокти во сите бои кои ги обожувате. За само половина час, ќе имате тренди нокти.
Пронајдете не на следниве мрежи: