Виц: Трпе и перверзијата

Малиот Трпе ја прашал учителката дали може да разговара со неа од кога ќе заврши часот. Откако завршил часот учителката го прашала…

Учителката: Што е Трпе? 

Трпе: Многу сум паметен да останам во овој клас. Сакам директно во гимназија.

За ова бил извесетен и директорот кој му рекол на малиот Трпе да полага тест.
На крајот откако завршил со тестот учителката сакала да му постави неколку прашања. Директорот се согласил.

 

Учителката: Добро, Трпенце. Кравата има 4, а јас 2. Што е тоа?
Трпе: Нозе, госпоѓо.

Учителката: Точно. Каде имаат жените највиткани влакна?

Директорот се спрема да интервенира кога Трпе вели: Во Африка.
Учителката: Што е тоа меко, а на рацете на жените станува тврдо?
Директорот ококорил очи, но Трпе рекол: Лак за нокти.

Учителката: Што имаме ние жените и мажите на средина на нозете?
Трпе: Колена!

Учителката: А што има мажената жена пошироко од немажената?
Директорот не им верува на ушите!

Трпе: Кревет!

Учителката: Кој е највлажниот дел од моето тело?
Трпе: Јазикот!
Учителката: Кој збор почнува со “п”, може да биде суво и влажно и мажите сакаат да го гледаат?
Трпе: Пат!

Директорот, без здив, целиот препотен, го прекинува тестот и вика: Не те праќам во гимназија, туку право на факултет!
Дури и јас би одговорил погрешно на прашањава…

Наравоучение: Човекот со годините станува се поперверзен!

Пронајдете не на следниве мрежи: