Се надеваме и вие ќе се насмеете.
Го прашува судијата Блажо: “Како сте можеле да прегазите 52 луѓе?”
“Ми откажаа кочниците на удолнината”…
“Па зар неможевте да свртите некако? Пааа, свртев! Лево имаше двајца, а десно на автобуската станица педесет. си помислив, подобро
да ги прегазам овие двајца отколку оние 50. Арно ама кога го прегазив првиот, оној другиот, идиот, потрча помегу останатите 50!
Полицаец застанува плавуша поради пребрзо возење…
Плавуша: Има ли некаков проблем?
Полицаец: Г-ѓо, возевте пребрзо! Може ли да ми ја дадете возачката дозвола?
Плавуша: Немам!
Полицаец: Немате! Тогаш дајте ми ја сообраќајната.
Плавуша: Не можам.
Полицаец: Зошто?
Плавуша: Затоа што колата е украдена…
Полицаец: Ја украдовте колата??!!!!
Плавуша: Го убив сопственикот на колата и му ја украдов, а деловите од неговото тело се во багажот…
Полицаецот ја погледнува жената и полека се враќа до својот автомобил и се јавува во станицата да повика засилување.
За 5 минути доаѓаат 5 полициски автомобили и ја обиколуваат колата на плавушата. Командирот со пиштол во раката полека се доближува до жената.
Командир: Г-ѓо, ве молам излезете од автомобилот!
Плавуша: Има ли некаков проблем?
Командир: Еден од моите полицајци ми кажа дека сте го убиле сопственикот на овој автомобил…
Плавуша: Што!!! Сум го убила сопственикот?!
Командир: Да, ве молам отворете го багажникот.
Плавушата го отворила багажникот, внатре немало ништо…
Командир: Дали е ваш автомобилот.
Плавуша: Секако дека е, еве ви сообраќајна дозвола.
Командир: Еден од моите полицајци ми кажа дека сте немале возачка.
Плавуша: Како може да немам, еве ви ја и возачката, не сум луда да возам без возачка!
Командир: Извинете г-ѓо, еден од моите полицајци ми рече дека немате возачка, дека автомобилот ви е украден а сопственикот на автомобилот се наоѓа во багажникот, исечен на парчиња.
Плавуша: Сигурно ви кажал дека и сум возела пребрзо!
Блажо пијаницата фатил златна рипка на Тиквешкото езеро.
– Пушти ме добар човеку и ќе ти исполнам три желби, го замолила рипката.
Блажо малку подразмислил и ја пуштил.
– Ајде сега кажи ми ги твоите три желби, му рекла рипката
Прва желба:
– Сакам оваа езеро да биде наполнето со ракија а не со вода.
Втора желба:
– Овие ридови овде што ги гледаш да бидат мезе за со ракијата.
Рипката му ги исполнила овие желби па го прашала што му е третата желба.
Третата желба ја мислел веке половина час и рекол:
– Па дај уште едно кило ракија…
Маж и жена се учесници во голема сообраќајка. Додека ползат во кршот, мажот забележува дека жената е плавуша и многу убава. Таа се врти на кај него и со тежок здив му вели: “Не требеше да го преживееме ова. Можеби е знак од Господ дека ни е судено да бидеме заедно!”
Мажот цел се вкочанува и вели: “О да, целосно се согласувам!”
“И гледај,” таа продолжува. “Иако мојата кола е целосно уништена, ова шише со вино е нескршено! Ова е уште еден знак. Ајде да се напиеме за нашата љубов!”
“Пааа, добро!” – вели мажот. Таа му го подава шишето со вино, а тој испива пола од него наеднаш, и после и го подава назад на неа.
“Твој ред,” – тој вели.
“Не, фала” – вели жената, “Јас ќе ја почекам полицијата!”
Оженет маж имал афера со неговата секретарка. Еден ден отишле во нејзиниот стан и воделе љубов цело попладне. Исцрпени, заспале и се разбудиле дури во 8 часот вечерта…
Мажот брзо се облекол и ја замолил својата љубовница да ги изнесе неговите чевлите и да ги замачка од травата. После тоа, ги облекол чевлите и си заминал дома.
Каде беше цела ден?- на вратата го пречекала неговата жена.
Неможам да те лажам! – рекол мажот.
“Имам афера со мојата секретарка и водевме љубов цело попладне.”
Тогаш таа погледнала во неговите чевли и му рекла:
– Лажго еден! Пак ли играше покер цел ден.
Пронајдете не на следниве мрежи: