Иако есента само што пристигна, модната недела во Њујорк ги однесе пристутните неколку месеци во иднината. Погледнете ја најновата колекција за нареднава пролет на Оскар де ла Рента.
Со доста живи и храбри бои и прекрасни принтови, во комбинација со тоалетите кои го носат неговиот потпис, колекцијата на Оскар предизвика водзишки кај присутните на модната недела koja се одржа минатиот месец. Во фокусот беа разиграните парчиња со боја на праска, комбинирани со розова боја и цветни принтови. Значи не очекува една весела пролет.
Оскар де ла Рента дизајнираше неколку комбинации во кои изобилуваат повеќе нијанси на розова боја и цветни детали за современ женствен изглед. На девојките кои го практикуваат овој стил ќе им биде драго да знаат дека е лесно да се дојде до овој изглед со само неколку клучни парчиња. Набавете јакничка со цветен принт и обична маичка во светлорозова боја. Со ова, комбинирајте шорцеви со висок струк со боја на праска и балетанки за сладок изглед!
Инспирирани од оваа слатка пена од шеќер, парчињата со боја на шеќерна волна се најчесто со тантела на краевите, во комбинација со сино здолниште и чевли со потпетици. Модните додатоци како колан со ѕвезди и обетки даваат интересен и симпатичен шмек.
Морнарскиот стил стана задолжителен во секоја сезона. Така и Оскар овој пат суптилно го вметна и морнарски стил во најновата колекција. За почетокот на есента, овој класичен крој на фустан изгледа фантастично во црно-бели линии. Вашиот стајлинг започнете го со тесен класичен топ со морнарски линии, во комбинација со црно здолниште. Финиширајте го изгледот со чевли на платформа и впечатлив ѓердан.
Пронајдете не на следниве мрежи: