Мајката го прашува малиот Трпе:
– Како се чувствуваше последниот час денес Трпе?
– Како генерал мамо. Стојам во став мирно, и ја гледам мојата единица.
Докторот ја пашува Трпана:
– Дали имате некој од вашата фамилија што има некоја душевна болест?
– Имам, маж ми, се замислува дека е главен дома!
Трпе и Трпана го гледале на телевизија изборот за Мис, и Трпе рекол:
''Гледај, Трпано, оваа е како Мерцедес, а ти си како комбајн!''
Кога си легнале вечерта, Трпе ја прашал Трпана:
''Ќе се погалиме ли малку Трпано?''
''Зар за една сламка да го палам комбајнот???''- одговорила Трпана
Трпе ја кара Трпана:
– Ај ма доста пушиш, престани веќе еднаш со тие цигари! Ако веќе толку ти се пуши, пуши ја барем онаа работа…
– Како бе да престанам, да му се невиди, кај да најдам 20 комада дневно, а?
Трпана стои дома пред огледало и вика:
– Се чувствувам дебела и ружна! Трпе дај бе некој комплимент!
– Мислам дека видот ти е совршен!
После луда ноќ, Трпе ја прашува Трпана:
– Ајде сега кажи ми колку си имала пред мене?
Трпана налутена, молчи… После три саати молк, Трпе решава да прозбори:
– Па добро извини, не требаше да поставам такво прашање, лута ли си ми?
– Доста бре, уште бројам!
На час по логика Трпе прднал, ама цела училница засмрдела да копа. Професорката го избркала.
Трпе излегува и почнува да пцуе: – Да ти е*бам логиката….
Директорот го сретнува и го прашува зошто пцуе по логиката.
Трпе вели: – Мене ме избркаа од час да дишам свеж воздух, а тие внатре дишат смрдеа, што логика е тоа?
Пронајдете не на следниве мрежи: