Дневна доза вицови

 

Дневна дозна вицови за поубав ден.

 

Молер бојадисува психијатриска клиника.
Минува еден пациент и прашува:
– Мајсторе добро ли ја држите четката?
– Да да, одговара молерот.
– Епа добро ќе ви ја земам скалата.

 

Полицаец сопира некоја госпоѓа која возела брзо:
– Госпоѓо, вашите документи!
– Ве молам не ме казнувајте, јас сум професорка.
А полицаецот и враќа:
– Е долго го чекав овој момент. Ајде сега на лист да напишете 1000 пати: „Никогаш повеќе нема да возам брзо“

 

Се сретнале Трајче и Панче
– Кај си бе ? Шо има ново ?
– Абе отидов до лотаријата и земав грепка, нема да поверуваш ја изгребав колата!
– Стварно?
– Да бе, од бандерата, кога излегував од паркингот.

Пронајдете не на следниве мрежи: