Облечете нешто кафено- есенски тренд

Оваа есен според сите модни дизајнери и списанија актуелна е кафената боја. Неа со сигурност треба да ја имате во вашиот плакар. Таа е актуелна и модерна, можете да ја комбинирате на најразлични начини. Преку вашиот капут, чизми, штикли и гардероба вие ќе бидете апсолутен ин, во околината. Кафената боја е дел од светските модни трендови, а таа има и  свои различни нијанси. Бојата е дел од земјените тонови, заедно со таква шминка никој нема да остане рамнодушен на вашиот изглед. 

Кафената боја е дел од најголем дел од светските модни ревии, не само на гардероба и есенска- зимската колекција, туку и на долниот веш и мејкапот. И трендот во козметиката ни вели да ги користиме земјените тонови оваа есен.

Кармин, сјај и сенки за нашите очи треба задолжително да бидат во кафени нијанси, така ќе ги истакнеме нашите црти на лицето, а во исто време ќе бидеме модерни и тренди. Пробајте кафено оваа есен, бидете секогаш во тренд.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: