Задолжителни филмови за секоја девојка

Loading...

Навистина е тешко да се изработи листа на ''женски филмови''. Секојдневно се појавуваат нови филмови, но постојат и неколку кои се задолжителни и кои мора да ги изгледа секоја девојка. Сама или во друштво, подеднакво е добро…

 

Mean girls

Иако тинејџерскиот живот е многу поразличен во Америка, сепак нејзиното влијание преку филмови и серии е се поголемо и кај нас. Па така секоја девојка мора да го изгледа овој филм каде тинејџерските филмови се претставени токму онакви какви што се…

About last night

Реално и болно раскинување на љубовна врска, кое во текот на секоја девојка е неминовно е да се преброди.

Breakfast at Tiffany`s

Евергрин филм кој претставува една модна лекција за гламурот на секоја девојка. Познатата икона Одри Хепберн со овој филм ја достигна својата највисока точка на славата, и стана модна икона за многу жени и девојки и ден денес.

Annie Hall

Далечната 1977 ни ги носи сите среќни и тажни случувања од тој период. Погледнете како изгледаше Њујорк во тоа време, Њујорк во многу поразлично светло од тоа денес…

Funny girl

Антологиска приказна со инспиративна поука за животот.

Now and then

Приказна за долгогодишно пријателство кое секое девојка треба да ги има низ целиот свој живот.

Girls just want to have fun

Вистинско пријателство, вистинска приказна. Приказна за најубавата љубов. Љубовта која се раѓа од пријателство.

Аlmost famous

Инспиративен филм за да ги следите своите страсти и желби, без оглед на возраста…

Bridesmaids

Иако е релативно нов филм, со современа приказна. Смешни ситуации во кои многу девојки ќе се пронајдат.

The diary od Anne Frank

Книгата е задолжителна за читање, но и филмот не смеете да го пропуштите. Трагичниот живот на Ана Франк претставен е навистина сликовито, вреден е за гледање, а неговата трогателност ќе ве остави без зборови.

The way we were

Страсна љубов, погрешна љубов, единствена… Филм кој ниту една девојка нема да остави рамнодушна…

The Holiday

Филм во кој се претставени различни љубовни ситуации. Сигурно секоја девојка ќе се пронајде во барем една од нив. Филм кој ќе ве воодушеви и мора да го погледнете. Барем еднаш…

loading...