Новогодишни фустани од Bershka

Колку и да сакаме не можеме да ја игнорираме еуфоријата и позитивното лудило кое ни пристигнува во пречек на Новата Година. А никој не ги користи тие моменти подобро од модните индустрии. Одбројувањето започна, до најлудата ноќ останаа нешто помалку од месец дена. 

Додека кажеш кекс, веќе е 31! 

Затоа подгответе се навреме и празниците дочекајте ги со најтренди облека. Со оглед на тоа дека не можеме да ви ги предложиме потписите на елитните дизајнери, на понуда ви ги оставаме прекрасните коктел фустанчиња од Bershka кои многу лесно можете да ги пронајдете…

Кратки, слатки, блескави, асиметрични, украсени со свила, чипка и на накит во метален облик. Новогодинешните фустанчиња на Bershka ве повикуваат на танц и повеќедневно забавување. Во галеријата на фотографии ви ги претставуваме топ 10 фустани, а на вас оставаме да ги изберете оние кои најмногу ќе го задоволат вашиот стил…

Пронајдете не на следниве мрежи: