Неколку факти за тоа што сакаат мажите, што сакаат жените и што се случува кога ќе склучат брак.
– Мажот ќе плати 200 евра за нешто што вреди 100 евра, но тој сака да го има.
Жената ќе плати 100 евра за нешто што вреди 200 евра, но не и е потребно.
– Жената е загрижена за својата иднина, се додека не се омажи.
Мажот живее безгрижно, се додека не се ожени.
– Успешен маж е оној што заработува повеќе пари отколку неговата жена може да потроши.
Успешна жена е онаа, што може да најде таков маж.
– За да е среќна жената со мажот што го избрала, таа треба да го разбира и барем малку да го сака.
За да биде еден маж среќен, тој треба многу да ја сака својата жена и да не се обидува да ја разбере.
– Женететите мажи живеат подолго од неженетите. Но женетите мажи имаат многу поголема желба да умрат.
– Мажите наутро изгледаат исто како што изгледале и пред да си легнат. Жените, поради некоја нејасна причина се преобразуваат во текот на ноќта.
– Кога ќе се омажи, жената очекува дека мажот ќе се смени, но тој не се менува.
Кога ќе се ожени мажот, очекува дека жена му нема да се смени, но таа се менува.
– Жената го има последниот збор во секој еден спор. Се што мажот ќе каже после тоа, е почеток на нов спор.
Најчестите комбинации меѓу маж и жена:
Умен маж + умна жена = романса
Умен маж + глупава жена = афера
Глупав маж + умна жена = свадба
Глупав маж + глупава жена = бременост
Пронајдете не на следниве мрежи: