Виц – двајца мажи си ги изгубиле жените

Двајца мажи излегле со своите жени низ чаршија да се прошетаат, но ги изгубиле…

И почнале да ги бараат. Барајќи ги жените и двајцата се судриле. 

Првиот рекол: Извини, те молам, ама збунет сум оти ја загубив жена ми. 

Вториот рекол: Извини и ти, но и јас ја загубив жена ми. 

Првиот рекол: Ако е така, тогаш да ги бараме и двајцата, но треба да ми кажеш како изгледа твојата жена,  јас ќе ти кажам како изгледа мојата, па ќе ги најдеме полесно.

Другиот почнал да раскажува: Жена ми е слаба, висока, убаво градена, русокоса со сини очи, нашминкана, со мини здолниште. А твојата? 

– Остај ја мојата ајде да ја бараме твојата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: