Кацикарис нов тренер на руската кошаркарска репрезентација

Грчкиот кошаркарски стручњак Фотис Кацикарис е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Русија.

Информацијата во средата ја објави агенцијата Р-Спорт, повикувајќи се на неименуван извор близок на преговорите водени меѓу претставниците на руската кошаркарска федерација и грчкиот кошаркарски стратег, но засега сé уште нема официјална потврда.
Фотис Кацикарис, така доаѓа на местото на Американецот Дејвид Блат кој седум години ја водеше и препороди руската кошаркарска селекција, а во октомври годинава не го продолжи договорот и ја напушти должноста.
Последните две години Кацикарис го водеше шпанскиот прволигаш Билбао,. Под негово водство екипата заврши на второто место во шпанската Ла Лига и се стекна со право да се натпреварува во Евролигата во сезоната 2011/12, а исто така се планираше и на финалниот турнир за Шпанскиот куп.
Во својата 14-годишна тренерска кариера Кацикарис седеше на клупите на грчки АЕК, шпанска Валенсија, а во Русија го водеше Динамо од Санкт Петербург со кого го освои третото место во сезоната 2005/2006.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: