Болница наседна на трик и даде информации за состојбата на принцезата Кејт

Loading...

Британската болница, во која веќе трет дена е хоспитализирана принцезата Кејт поради акутна мачнина, наседна на измама на водители на едно австралиско радио и откри информации за состојбата во која се наоѓа најпознатата трудница на светот.

Водителите на сиднејското радио се претставиле како да се кралицата Елизабета и принцот Чарлс, таткото на сопругот на Кејт, принцот Вилијамс.
Медицинската сестра во приватната волница крал Едвард VII во Лондон им поверувала, па така лажните кралица и принц на овој начин дознале дека Кејт во моментот на повикот спиела, дека добро ја минала ноќта и дека е во стабилна состојба откако примила многу течности.
Болницата изрази длабоко жалење поради инцидентот кој се случил во средата изутрина и соопшти дека ќе ги преиспита својот телефонски протокол со цел да и заштити личните информации за пациентите.
Австралиската радио станица исто така се извини, а двајцата водители истакнаа дека не можеле да поверуваат дека вработените во болницата не го насетиле нивниот „грозен акцент“.

Макфакс

loading...
Loading...