Возач на автобус во Виена врати торба со 390 илјади евра

Возач на автобус во австриската престолнина Виена нашол торба со 390 илјади евра во готовина и ја предал на полицијата, која влегла во трага на постара жена која од необјасниви причини го оставила богатството во автобусот.

Возачот кого виенските градски власти го идентификуваа само како Волфганг Р,. го прегледувал своето возило за градски превоз на крај од линијата на којашто возел, која ја пронашол торбата на седиштето зад возачот.
„Во прв момент помислив дека торбата е за пазарење или со лекови“, го цитира возачот на автобусот весникот Krone. Меѓутоа, кога ја отворил торбата пронашол куп банкноти од по 500 евра.
Виенската полиција благодарејќи на потврдата за банкарски депозит во торбата, ја пронашла сопственичка. Не се наведува дали жената го наградила чесниот возач.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: