Лакот за нокти е украс на вашите раце кој е совршен и за дневни и за вечерни излегувања. Ако сакате да бидете поинакви, уникатни, а истовремено во тренд, но никако не можете да ја најдете нијансата која ви одговара, направете ја самите.
Еве го рецептот за како да го изведете ова:
Состојки:
Се што ви треба е сенка за очи или руменило и лак за нокти. Сенката или руменилото нека бидат некои стари, кои веќе не го користите или пак некои кои ви се скршиле. Лакот треба да биде проѕирен, нежно бел, кремаст или бебешко розев. Ако имате остаток од лак кој сте планирале да го фрлите, искоистете го и него.
Постапката:
– Истурете ја сенката за очи или руменилото во чинија или филџан и згмечете ја убаво со лажица.
– Откако ќе добиете прав, во самата чинија истурете 20 капки од лакот за нокти.
– Исечете едно стапче за уши и пластичниот дел нека ви послужи како лажичка за мешање.
– Добро измешајте и налакирајте се. Ако ви остане дел од смесата, истурете ја во шишенцето.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: