(Фото) Дали е ова iPhone 5S?

Иако Apple го претстави новиот модел на iPhone пред помалку од 3 месеци, на интернет веќе некое време кружат гласини за неговиот наследник – iPhone 5S. Apple наводно веќе ги има нарачано компонентите за прототипот на новиот iPhone од кинеските производители, односно се смета дека неговото производство е веќе започнато. Оваа недела на некои интернет страници се појавија и првите фотографии од изгледот на новото милениче на Apple. 

Иако не е познато дали овие слики навистина го прикажуваат следниот модел на Apple, или станува збор за лажни фотографии (од Apple не сакаат да коментираат на гласините), во последно време мнозинството од гласините околку новите уреди на оваа компанија се покажаа како вистинити, така што и овие фотографии навистина би можеле да се всушност од прототипот на новиот iPhone. 

Сликите се објавени на страната iphone5parts, на која велат дела ознаките на задниот дел од маската упатуваат на тоа дека станува збор за прототип на новиот модел. Освен тоа, овој модел изгледа слично, речиси исто како и актуелниот модел iPhone 5. 

Сликите од внатрешниот дел укажуваат на ситни промени и различен распоред на некои делови – што значи дека сигурно не станува збор за iPhone 5. Иако во моментов не е познато какви новитети ќе донесе новиот модел, повеќето од аналитичарите очекуваат дека iPhone 5S ќе биде многу сличен на актуелниот модел во поглед на дизајн, односно дека најголемите подобрувања се “под хаубата” – подобар процесор, подобра графика, а можеби и поголема RАМ меморија и подобра камера. 

Не треба да се очекуваат револуционерни промени во iPhone за следната година, но се појавиле гласини на интернет дека Apple подготвува големи изненадувања за iPhone 6, кој треба да излезе во јуни 2014 година – како на пример безжично полнење. 

Што се однесува на iPhone 5S, старите гласини велеа дека Apple би можел да го претстави во првата половина од годината, но последните информации велат не треба да го очекуваме пред месец јуни. Ова значи дека во текот на наредните 6 месеци можеме да очекуваме само гласини и фотографии од следниот модел на Apple. 

Пронајдете не на следниве мрежи: