Најдобрите професии за 2013 во светот

Loading...

Сметководител, компјутерски аналитичар и координатор на настани се трите најдобри професии за 2013-та година според истражувањата на списанието “Форбс“. 

Доколку барате работа, а сте дипломирани во некоја од овие три области, 2013-та ќе биде ваша среќна година, бидејќи ќе има најголем број работни места во светот. 

 

 

“Компаниите имаат потреба од повеќе сметководители, а местата за компјутерски аналитичари се повеќе растат, поради големиот број дипломирани програмери и експерти во областа на софтверските апликации“, изјави Мат Фергусон, главен уредник на една од компаниите кои се дел од истражувањето на магазинот “Форбс“. 

 

На пазарот компаниите секојдневно се натпреваруваат за да профитираат на мобилните технологии и социјалните медиуми. Тие сакаат да најдат подобри решенија за своите клиенти и бизниси. Поради тоа потребни им се голем број на програметри кои ќе развијат подобри стратегии. Просечната плата на овие професионалци е 90.530 долари. 

 

Голем број претпријатија бараат повеќе сметководители, а нивната просечна плата на годишно ниво изнесува 61.690 долари. 

Координаторите на настани се се повеќе барани од 2010-тата година па наваму, а нивната просечна плата изнесува 60.570 долари.

 

Се смета дека до 2020 година бројот на работни места за оваа професија ќе се зголеми за 41 отсто. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

loading...
Loading...