Панатинаикос се распаѓа

Претседателот на грчкиот кошаркарски великан Панатинаиокос, Димитрис Јанакопулос одржа во петокот драматична прес конференција, на која најави заминување, обвинувајќи членови на семејството дека го донеле клубот до пропаст.Тој го обвини својот стрико Танасис за предавство и за бркање на тренерот Жељко Обрадовиќ, како и за заминувањето на најдобрите играчи.

 

Димитрис потврди дека ги подарува акциите на клубот на, оној што е заинтересиран да го преземе, наведувајќи дека не може да го толерира предавството на семејство.

„Моето семејство го презеде клубот во 1987 година, го водеше мојот татко Павлос до 2012, кога го наследи неговиот брат Танасис. Во последните две години Павлос и Танасис настојуваа да најдат купци, но тоа не беше возможно. Поради љубовта на целото семејство кон клубот, кој се најде во тешка економска ситуација, како и нашата кошарка и државата, одлучив во рамки на моите економски можности да го одржам тимот на највисоко можно ниво“, изјави Јанкопулос.
Тој рече дека кога минатото лето го презел клубот од својот татко и од својот стрико, советниците му дале погрешна финансиска слика за шесткратниот европски шампион.
„Димитрис, кој денеска му помогна на играчот Батист да ги измири долговите за данок во висина од 200.000 евра, го обвини стрикото Танасис и неговите помошници дека им должеле пари на повеќето играчи и дека тој е одговорен за нивното заминување, како и на заминувањето на Обрадовиќ по 13 години тренер на „зелените“.
„Му должеше пари, затоа си замина.  Господинот Обрадовиќ си замина бидејќи Танасис Јанакопулос му должеше многу пари, многу месечни плати. Постојат докази, ова не се само шпекулации“, рече Димитрис.
„Немам финансиски капацитет да ги пополнам дупките што администрацијата на Танасис ги остави зад себе. За жал, не можам да продолжам со Панатинаикос“, рече Димитрис, додавајќи дека го нуди клубот бесплатно, на оној што е заинтересиран.
Грчките медиуми наведуваат дека зборовите на Јанакопулос ги шокирале играчите на Панатинаикос, кои вечерва треба да настапат против Фенербахче.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: