Оригинално! Се повеќе станува тренд, луѓето преку реалити шоуа, или социјалните мрежи да го споделат својот приватен живот со странци.
Истото го направи и младиот пар од Бруклин, Џонатан Ман и неговата (сега веќе поранешна девојка) Ајвори Кинг, кои своето раскинување, најдоа оригинален начин тоа да им го соопштат на своите пријатели, но преку Youtbe и тоа во облик на песна. Како причина за раскинувањето се наведува различниот поглед во однос на имањето деца. Додека Џонатан сака деца, Ајвори не е сеуште подготвена на тој чекор. Сепак тие двајца се согласиле за едно… а тоа е музичко раскинување на популарниот Youtube со цел, сето тоа да биде помалку болно.
Текстот на песната има една чудна порака: ''Викајте не на секоја забава, и ние ќе успееме. Немојте да се чувствувате чудно, ве сакаме!''
Со ова тие сакале да ја намалат болката, да не мораат на сите пријатели да им објаснуваат поединечно дека раскинале и постојано да се навраќаат на истото.
Во секој случај, после многу прегледи на Youtubе ова е дефинитивно единственото интернет-видео раскинување, но во секој случај е навистина оригинално.
Пронајдете не на следниве мрежи: