Хумани битолчани даруваа крв во Камарите

Вчера, во кафе барот „Камарите“, во Битола, беше организирана крводарителска акција каде околу 40 млади битолчани даруваа крв со цел да спасат нечиј живот кому токму таа крв ќе му биде потребна во иднина.

Битолскиот Црвен Крст, заедно со вработените од службата за трансфузија, а на иницијатива на Кире Јошевски се погрижија сето тоа да биде возможно, а за време на акцијата и самиот организатор даруваше крв.

– Јас сум волонтер на Црвениот крст и тоа го кажувам со голема гордост. Сега сум во „Камарите“ и сакам тука да се одржи акција на која пред сè младите, а и останатите битолчани би дарувале крв. Хуманоста е голема работа, но крводарувањето е нешто посебно, бидејќи со даруваната крв се спасува нечиј живот. Ми рекоа дека ако имаме барем 10 дарувања акцијата ќе биде успешна, а со денешните четириесетина дарувања е повеќе од успешна. Сите кои даруваа крв се сложија дека и во иднина ќе продолжиме со ваквите акции. Мотивиравме многу млади да се вклучат во акцијата, а за тоа сме заслужни сите – изјави Кире Јошевски за BitolaNews.

Акцијата која собра повеќе од 40 кеси со крв е прогласена за успешна, а Црвениот Крст и „Камарите“ се договорија дека соработката нема да застане и во иднина повторно ќе организираат донаторски акции, како и предавања организирани од Црвениот Крст. Преземено од Сарма.мк

Пулс24.мк ги поддржува сите хуманитарни акции и организии, а во иднина заедно со своите пријатели ќе покрене иницијатива за нови. Бидете хумани и споделете ја хуманоста.

Пронајдете не на следниве мрежи: