Партизан пресилен за МЗТ

Кошаркарите на МЗТ загубија од Партизан со 58:68, во рамките на 12-то коло, во АБА лигата.

Македонскиот првак, против најтрофејниот тим во регионалното натпреварување и екипа која е редовен учесник во Евролигата, имаше приклучок се до 27-та минута, тогаш Партизан предноста од само еден поен, со серија од 10:0 ја предвори во позитива од 11 поени и потоа без проблеми стигна до победата.
Дамјан Стојановски со 15 поени беше најефикасниот играч на МЗТ, каде двоцифрен учинок имаше уште и Кејд Дејвис (11 поени и 5 скока). Партизан до победата го предводеше Американецот Дру Гордон со 15 поени и 16 скокови.
МЗТ по 12 кола во АБА лигата има ефект од шест победи и исто толку порази и се наоѓа на седмото место на табелата, Партизан има ефект 9/3 и е на второто место.
МЗТ, во следното 13-то коло, на домашен терен ќе ја пречека Крка, натпреварот ќе се одигра на 15.декемврисо почеток во 20:30 часот.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: