Навивачи се степале на натпревар на инвалиди

Навивачите на Галатасарај и Бешикташ, се виновници за еден од најсрамните инциденти кога се во прашање спортските натпревари.
Припадниците на двете навивачки групи предизвикале инцидент на кошаркарски натпревар, на луѓе во инвалидски колички.

За да ги раздвои навивачите и да воспостави ред, полицијата употребила солзавец. По прегледувањето на снимките истанбулската полиција уапсила најмалку десет навивачи.
Уште пред почетокот на натпреварот, спортиставените навивачки групи започнале да пеат навредливи песни, по што влегле на теренот во обид меѓусебно да се пресметаат, полицијата успеала да воспостави ред, а натпреварот започнал со задоцнување од половина час.
Мечот бил прекинат во втората четвртина при резултат 31:26.
Навивачите на трите ривалски клубови од Истанбул (Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче), не смеат да присуствуваат на натпреварите во фудбал и кошарка, кога нивните тимови гостуваат, но ова правило не важи за останатите спортови.

Макфакс 

Пронајдете не на следниве мрежи: