Грег Попович ја одби Русија

Еден од најдобрите тренери во НБА лигата, Грег Попович, ја одби понудата од Рускиот кошаркарски сојуз за преземање на селекторската функција во нивната репрезентација.

Тренерот на Сан Антонио Спарс, екипа со која освои четири НБА титули и исто толку настапи во големите финалиња, ја одби понудата од лични причини, околу кои сепак не сака да говори.

Според пишувањата на руските медиуми, Попович е голем љубител на руската култура.

Рускиот сојуз и понатаму не се откажува во потрагата по селектор, откако своето место го напушти Дејвид Блат, а во моментов имиња кои најмногу се споменуваат во контекст за селектор на Русија се Јури Ждовц, Фотис Катсикарис и Дирк Бауерман.

Пронајдете не на следниве мрежи: