Капоно нов играч на Панатинаикос

Џејсон Капоно, во вторникот потпишал договор со вицепрвакот на Грција, екипата на Панатинаикос.

Искусниот бек-шутер, на тренерот Агририс Падулакис ќе му биде на располагање за натпреварите во Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига.
Капоно целта своја кариера ја минал во НБА лигата, има настапувано за шест екипи, а зенитот го достигна во Мајами Хит. Со оваа екипа тој во 2006 година го освои шампионскиот прстен, таа сезона беше најдобар во ударите за три поени во целата лига, а на ’Ол стар’ натпреварот победи во натпреварувањето во шутирање на тројки.
„Воодушевен сум што дојдов во Панатинаикос. Во последно време минував низ лош период, но сега сум тука и сум подготвен да се борам за мојот нов клуб“, изјави Капоно, кој мината сезона ја мина во ЛА Лејкерс каде не се изнаигра.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: