Суперхикс, Белинда, The Hounds ќе ги забавуваат прилепчани за Нова Година

Општина Прилеп ја објави програмата за тоа кој ќе ги забавува прилепчани на дочекот на Нова Година на плоштадот.

Утрото на последниот ден од годинава предвидена е претстава за најмладите „Дедо Мраз со изгубените подароци“ и песнички за деца од „Сребрен ѕвон“.
Забавата продолжува со Давид Нешкоски Трио, DNK, и прилепскиот рок состав The Hounds.
Вечерта во 22 часот настапува Белинда, по што следува огномет, а Новата година прилепчани ќе ја започнат со песните на Суперхикс.
Општина Прилеп започна и со новогодишното украсување на градот. Се украсува централното градско подрачје односно  плоштадот Mетодија Aндонов Ченто , булеварот Гоце Делчев, плоштадот Aлександрија , општинската зграда и фонтаните.  Тука е новогодишната елка и различен број на светлечки украси како порти, мразулци, елкички, банери со апликации и слично.

Mакфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: