Против Литванија ќе се прославува 20 годишниот јубилеј на кошаркарската репрезентација

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на состанокот на Управниот одбор, одржан во средата, објави дека на 17. август, против Литванија ќе биде обележан јубилејот, 20 години од првиот натпревар на националниот тим.

Пред 20 години, репрезентацијата на Македонија, во Вроцлав, против Естонија го одигра својот прв натпревар.
Натпреварот против Литванија ќе се одигра во арената „Борис Трајковски“, а ќе послужи за сосдавање позитивна атмосфера во пресрет на Европското првенство во Словенија, на кое нашата репрезентација ќе го брани четвртото место.
Според планот, на пријателскиот меч со Литванија ќе бидат поканети да присутвуваат кошаркарите кои играа на првиот натпревар на репрезентацијата, како и тренерските легенди Лечиќ, Књазев и Андоновски.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: