Парфем на стравот-хит во Газа

Loading...

Парфем на стравот М-75, кој е именуван по ракетните истрели од Палестинците во Тел Авив и Ерусалим во текот на последните осум дена конфликт со Израел, е вистински хит во појасот Газа.

Овој парфем на стравот е универзален и може да го користат мажи и жени. “Се надевам дека мирисот е доволно силен да ги потсети Евреите на палестинската победа”, изјави Ахмед Хасан, клиент од соседниот Египет кој изнакупил повеќе од 30 шишиња како сувенири и поклони за своите пријатели.

Директорот на парфимеријата во Газа, Радџер Одван, изјави дека ова е можност за своите клиенти да го почувствуваат мирисот на победата кој е трансформиран во парфем. Шишињата на овој парфем се во црно-зелена нијанса и се од 60 милилитри. Цената на едно шишенце е 13 долари, а аромата на овој парфем е направена од лимон, портокал и билки.
 

Иако двете страни прогласи победа во овој конфликт меѓу Изрaел и Палестинците, многумина во појасот Газа го памтат моментот кога ракетите беа истрелани до Тел Авив, околу 70 километри од границата на палестинските територии.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...