Се степаа пратениците во украинскиот парламент

Loading...

Седницата на украинскиот парламент беше прекината во четврток, поради тепачката што изби меѓу пратениците на власта и опозицијата затоа што не се сложуваа околу изборот на парламентарни службеници.

Прво, опозиционерите се обидоа физички да го спречат гласањето за поставување претставник на владејачката партија  на местото претседател на парламентот, а тогаш почнала масовна тепачка околу говорницата.
И во средата имаше еднакво неубави ситуации кога опозиционите пратеници скокнаа на главната говорница и го прекинаа заседавањето на Микола Азаров, кој не доби втор премиерски мандат.
Во четврток се собраа околу говорницата кога требаше да почне гласањето за именување на Владимир Рибак, кандидатот на регионалната партија за претседател на парламентот.
Азаров, 64-годишен конзервативец кого претседателот Виктoр Јануковиќ повторно го номинира за премиер, зачуден гледаше како пратениците се тепаат, а заседавањето беше прекинато.
Опозицијата, а во неа се верните следбеници на поранешната премиерка Јулија тимошенко, националисти од десничаркската партија Слобода, како и либералната партија под водство на боксерскиот првак Виталиј Кличко, ја обвинува владејачката коалиција дека ги турка своите предлози и ја крши парламетарната процедура.

Макфакс

loading...