Џастин Бибер, за малку кастриран и убиен

За еден отсечен тестис на Бибер требале да добијат по 2.500 долари…Американската полиција уапсила двајца мажи од Ново Мексико, откако открила дека сакале да го убијат и кастрираат Џастин Бибер.

Поранешните затвореници Ден Мартин и Марк Арон Стак својот план го смислиле во затвор, и се договориле да го киднапираат Бибер на неговиот неодамнешен концерт во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Планирале да го задават пејачот со вратоврска, а внукот на Стак, Танер Руан, требал да го кастрира. За еден отсечен тестис на Бибер требале да добијат по 2.500 долари. 

Ден Мартин се им открил на властите, а веднаш потоа биле уапсени Стак и неговиот внук. За време на апсењето кај Стак бил пронајден метален прибор за скара. Се уште не е јасно за што требало да му послужи. 

Менаџерот на Бибер, Скутер Браун, порачал дека секојдневно презема сè што е потребно да го заштити младиот пејач.

Пронајдете не на следниве мрежи: