Почина пронаоѓачот на баркодот Џозеф Вудланд

Норман Џозеф Вудланд, Американецот кој го изуми во современиот живот сеприсутните баркодови коишто ја преобразија трговијата, почина во 91-та година.

Додека ги исцртувал линиите на песокот во Мајами Бич пред 64 години, на Џозеф Вудланд му дошла идејата за го употреби мотивот на линии кои би содржеле информации за производот, раскажува за весникот, раскажува за весникот The New Jersey Record, неговата ќерка Сузан Вудланд.
Со партнерот Бернард Сивлер, кој почина во текот на 1960-те, го депонирале патентот за баркодот во 1952 година кој на елктроничката компанија „Philco“ и4 го продале за 15 илјади долари, додава Сузан Вудланд.
Џозеф Вудланд беше машински инженер и работел за поранешниот технолошки гигант ИБМ 35 години, а во пензија заминал во 1987 година. Беше, исто така, дел од тимот кој го разви ласерскиот читач на баркодовите во текот на 1970-те.
Вудланд и Сивлер кои предавале на универзитетот Дрексел во Филаделфија, работеле на развојот на баркодот откако тоа го побарала управата на еден синџир продавници.
Џозеф Вудланд починал во неделата, како последица на Алцхајмеровата болест во дом за пензионери во Њу Џерси, каде што е и роден.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: