САД одбија да го потпишат светскиот договор за интернет

Дел од западните земји предводени од САД го отфрлија светскиот договор за надзор на интернетот кој во петокот требаше да биде потпишан во Дубаи, бидејќи не се согласуваа со тоа сите држави да добијат исти права на управување со интернетот, пренесуваат светските агенции.

„Интернетот на светот му пружи незамислива економска и општествена полза во последните 24 години“, изјави во четвртокот навечер Тери Крамер, американскиот претставник на Светската конференција за меѓународните телекомуникации (WCIT) организирана од Обединетите нации.
„Со тешко срце и со чувство на испуштена можност, САД мора да соопштат дека не можат да го потпишат договорот во оваа форма“, додал Крамер.
Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) при ОН ја организираше 12-дневната конференција за да биде донесен нов договор за комуникациите коишто последен пат е изменет пред 24 години.
Новиот документ кој треба да биде потпишан во петок попладне, би требало да им помогне на земјите да соработуваат во борба против „спамовите“ и да го прошират пристапот до вебот. Меѓутоа, расправите се сведоа на тоа дали треба или не треба да им се дозволи на сите држави исти права во развојот на интернетот.
Многу претставници на конференцијата се спротиставија на тоа американската влада да одлучува кое тело ќе го регулира интернет системот на адреси. САД уживаат ваква привилегија како наследник на Arpanet – првиот облик на интернетот.
САД тврдат дека постоечкиот систем им овозможува на техничките експерти да носат „брзи, противпожарни одлуки“ во развојот на интернетот, како и дека вмешувањето на други во интернетот би можело со време да ја озакони цензурата и да го поремети работењето на големите мрежи како што се Google и Facebook.
Американскиот став го поддржуваат пионерите на интернетот и предупредуваат дека промените би можеле „да го дестабилизираат системот“.
Русија, Куна, Саудиска Арабија, Алжир и Судан се заземаат за ставот сите влади да добијат подеднакви права на управувањето со интернетот, но нивните барања, сепак, на крајот се отфрлени, BBC.
Претставниците на САД и на другите земји коишто сакаат измена на текстот, велат дека ќе ги продолжат притисоците на другите меѓународни конференции за да се постигне таков модел во кој приватните групации би ги поставувале стандардите и би учествувале во развојот на овој медиуми, пишува Reuters.
Тарик ал-Авади од Обединетите Арапските Емирати, претседател на делегацијата на арапските земји, изјави дека Американците ги измамиле, бидејќи првично се согласиле на компромис околу интернетот, а потоа „за жал, го прекршија компромисот и целосно го уништија договорот. Ние дадевме сé, а за возврат не добивме ништо“.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: