МЗТ против Крка во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, во сабота, против Крка ќе го одиграат последниот напревар од првиот круг во АБА лигата.

Мечот со словенечкиот преставник е првиот од двата натпревара кои македонскиот првак ќе ги одигра пред домашна публика.

 

 

„Не очекува тежок натпревар против незгоден противник, како што е екипата на Крка. Тоа е една искусна екипа со добри играчи и сигурно нема да ни биде лесно. Играме на домашен терен, пред нашите навивачи и треба да го дадеме својот максимум за да оствариме победа“, изјави за официјалната интернет страница на клубот Борис Бакиќ.
Екипата на Крка во Скопје доаѓа со скор од пет победи и седум порази, од кои два во последните два натпревара, од Цедевита на гости (97:78) и од Игокеа на домашен терен (63:83).
„Во Скопје очекуваме тежок и неизвесен натпревар. МЗТ Скопје е добар тим, и играат навистина добро пред своите навивачи од кои што имаат голема подршка секој натпревар. За нас ова е доста важен натпревар, ние одиме на победа со надеж дека ќе ја прекинеме серијата од два пораза едноподруго. Знаеме дека нема да биде лесно, но не се предаваме“, изјави кошаркарот на Крка, Ерјон Кастрати.
Натпреварот МЗТ-Крка ќе се одигра во арената ‘Борис Трајковски’ во Скопје со почеток во 20:30 часот.
Покрај овој натпревар во сабота на програмата ќе бидат и дуелите: Сплит-Задар, Црвена ѕвезда-Раднички и Игокеа-Цибона.
Во недела ќе се одигра натпреварот помеѓу Шолнок и Партизан, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелите Олимпија-Будуќност и Цедевита-Широки.
Табела: 1. Игокеа 10/2, 2. Партизан 9/3, 3. Црвена ѕвезда 7/5, 4. Будуќност 7/5, 5. Раднички 7/5, 6. Цедевита 7/5, 7. Олимпија 6/6, 8. МЗТ 6/6, 9. Цибона 5/7, 10. Крка 5/7, 11. Сплит 5/7, 12.Широки 4/8, 13. Задар 4/8, 14. Шолнок 2/10.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: