Сиена му врачи отказ на тренерот Козми

Челниците на калчолигашот Сиена, решија да му врачат отказ на тренерот Серсе Козми, откако екипата по 17 одиграни натпревари освои само 11 бодови.

’Капката која ја прели чашата’ и поради што Козми доби отказ е поразот на Сиена од 1:4, во тосканското дерби против Фиорентина.

Нов тренер на Сиена ќе биде Бепе Јанки, кој во кариерата има работено во екипите на Бреша и Сампдорија.

Козми е петтиот тренер во Серија А кој доби отказ од почетокот на сезоната, претходно без работа останаа Луиџи Ди Канио (Џенова),  Џузепе Санино (Палермо),Доменико Ди Карло (Киево) и Масимо Фикадети (Каљари).

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: