СОМНИТЕЛНО: Дочек на Нова година за само 100 денари?

Добивме информации дека поради економската криза кога го погоди светот, меѓу кои и Македонија, сопственик на еден познат ресторан во Скопје, реши да им овозможи на своите гости да ја дочекаат Новата година за неверојатни 100 денари.

Во оваа цена спаѓаат јадењето и пиењето, како и специјалното изненадување – егзотична танчерка од Мароко, која ќе ни ги покаже волшебните и секси танци од еготичната земја.  

Но, тука се јавува сомнежот зашто е тоа така. Во скоро сите ресторани низ градот понудата за дочек на Нова година е преку 2000 денари, за парче месо и литар алкохол, но во овој ресторан ситуацијата е сосема различна. 

Поради сомневањето, надлежните институции решија дополнително да ја истражат оваа ситуација, за да можат во иднина да превземат дополнителни активности.

Овој настан не е вистина, искористен е да ве насмее и преку хуморот да ви ја прикаже секојдневната слика на македонското население, пред новогодишните празници. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: