Антикитера механизмот, познат и како „првиот компјутер во светот“, e откриен 1901 година во водите на Грција, во остатоците на еден брод натоварен со богатство.Научниците дојдоа до нови сознанија поврзани со астрономската загатка од античката Грција која повеќе од сто години ги фасцинира археолозите.
Антикитера механизмот, познат и како „првиот компјутер во светот“, е откриен 1901 година во водите на Грција, во остатоците на еден брод натоварен со богатство. Неодамнешните истражувања од страна на професорите Џејмс Еванс и Кришчан Карман, фрлаат нова светлина на астрономскиот механизам, кој потсетува на часовник.
Една студија објавена во списанието Archive for History of Exact Science, како подесено време за почетокот на работата на механизмот се смета 205. година п.н.е, што значи дека машината е 50 до 100 години постара од она што се веруваше досега.
Студијата, исто така покажува дека претскажувањата на помрачувањата не се базирале на грчката тригонометрија (која не постои во 205 година пред.н.е.), туку на вавилонските аритметички методи, се вели во соопштението. Научниците дошле до овие податоци по метод на елиминација, кој тие самите го развиле.
Научниците со децении се обидувале да ја дешифрираат мистеријата на механизмот.
„Пресметките ја земаат во предвид Месечината и соларните аномалии (што доведува до зголемување или намалување на брзината), прогнозираните затемнувања на Сонцето кои не се случиле, циклусите на лунарните и соларните еклипси и други астрономски феномени“, се вели во соопштението на Универзитетот во Пјуџит Саунд.
Веќе е познато дека калкулаторот бил користен од Грците, за да се дефинира движењето на планетите и ѕвездите. Сега научниците успеале да декодираат натписи на дното од уредот, според кој тој имало главно астролошка цел.
„Не сме сигурни како да го интерпретираме текстот, но изгледа тие сугерираат дека бојата на сончевите одблесоци е некаков сигнал. Одредени бои предвестуваат подобри нешта отколку други. Ова е прв случај во кој кај механизмот се споменува нешто за астрологија, а не астрономија“, рече проф. Мајк Едмондс од Универзитетот во Кардиф.
Во последните 12 години, различните елементи од машината се реставрирани или надоместени преку рентген технологија.
„Компјутерот од Антикитера“ има комплициран часовнички уред, вклучувајќи над 30 бронзени запчаници. До неговото откритие научниците не претпоставувале дека таква технологија постоела во толку рана фаза од човечката историја.
Сите откриени делови од механизмот се чуваат и се испитувани во Националниот археолошки музеј во Атина.Научниците дојдоа до нови сознанија поврзани со астрономската загатка од античката Грција која повеќе од сто години ги фасцинира археолозите.